Медицинската сестра го спасила четиригодишното детенце - детали од несреќата на Брзата помош во Скопје

 

Во вчерашната тешка сообраќајка на булеварот Партизански Одреди, кога четири луѓе беа повредени, комбито на Брза помош превезувало болно четиригодишно дете, кое не заработило повреди благодарение на медицинската сестра која седела до него.

Според zdravstvo24, сообраќајката се случила вчера во 15:15 часот на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и „Октомвриска револуција“. Во моментот на судирот, медицинската сестра ја испружила раката за детенцето да не ја повреди главата. Благодарение на нејзината реакција, момчето е во стабилна состојба и без повреди. Таа завршила на Ургентниот центар со гипс на раката.

Лекарска помош им била укажана и на лекарката од службата за Итна медицинска помош, како и на возачот. Лекарката имала потрес на мозокот, а возачот е со полесни повреди и е во стабилна состојба. Според здравство24, тројцата повредени се пуштени на домашно лекување.

Вп страотната несреќа повреди заработиле и двете лица кои се превезувале во „Пасатот“.

Полицијата работи на расветлување на причините за несреќата.

23.11.2013 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега