Разголената советничка си даде отказ!

 

 Вања Хаџовиќ која во февруари годинава започна да работи во српското Министерство за надворешни работи, стана популарна во балканските медиуми со своите разголени фотографии околу кои се крена голема прашина.

Како што пренесува српскиот Блиц, советничката дала отказ бидејќи повеќе не можела да се носи притисокот од медиумите.

    

Во петокот советничката го напушти работното место и се откажа од сите планови. Поради стресот помина неколку дена и во болница, вели извор близок до неа за Блиц.

Инаку, случката со разголената советничка стигна и до Дејли Меил, кој пишуваше за скандалот со разголените фотографии.

 

24.11.2013 - 21:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега