Хрватска владина и бизнис делегација денеска во Македонија
Хрватска владина и бизнис делегација денеска ќе пристигне во Македонија. Делегацијата предводена од министерот за економија Иван Врдољак, ќе оствари средба со македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини, како и со претставници на македонски компании.
Македонската и хрватската Влада денеска ќе потпишат договор за изменување и дополнување на договорот за билатерална трговија и стопанска соработка.
Во Стопанка комора на Македонија, пак, денеска ќе се одржи македонско-хрватски бизнис форум, што ќе го отворат министрите Сарачини и Врдољак. Се очекува форумот да донесе воспоставување на деловни контакти меѓу македонски и хрватски компании од различни стопански дејности.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа