Пијалок е одговорен за лицето без брчки на неодоливата Селма Хајек која има 56 години

 

Тајната на добриот изглед на Салма Хајек е во генетиката, внимателно дизајнирана рутина за нега, но и корисна, здрава навика. Благодарение на тој „еликсир на младоста“, таа сè уште одолева на сите естетски зафати! Актерката секое утро пие пијалок, кој се состои од 4 намирници кои се достапни за секого!

Нејзиниот домашен сок ја прави кожата сјајна, но има и здравствени придобивки за телото и организмот.

Рецепт за сокот на оваа холивудска убавица.

Витамин Ц – Селма во својот рецепт користи свежи портокали. Тие се добар извор на витамин Ц, го зајакнуваат имунитетот и влијаат на варењето.

Куркума – Во сокот од портокал додава куркума која благотворно делува на организмот, но и на убавината.

Бибер – Актерката изјавила дека во сокот додава малку бибер, бидејќи му помага на телото побрзо да ја апсорбира куркумата. Покрај тоа, овој зачин го забрзува метаболизмот.

Кучешки трн – Растение кое е богат извор на витамин Ц и витамин Б12. Содржи и многу колаген, но и го поттикнува телото да го произведува, па јасно е зошто има регенеративно дејство на кожата, косата и ноктите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

09.05.2022 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега