ФОТО: Ни трага ни глас од заљубената Маја - родителите молат за помош
Ни трага ни глас од малолетната Маја која се заљуби и избега од дома. Девојчето веќе еднаш избега, а потоа се врати откако нејзините родители упатија апел за поош и го пријавија случајот во полиција. Овојпат нема ни трага ни глас од Маја веќе 12 дена откако таа на социјалната мрежа Фејсбук запознала момче од албанска националност во кое се заљубила и најверојатно избегала со него.
Полицијата од Охрид интензивно трахга по 14-годишната тинејџерка.
- И кон второто пријавување, како и кон првото исчезнување на Маја сериозно и професионално пристапивме кон реализацијата на овој случај. Уште од првиот момент оформивме тим кој што има за задача да ги прибере сите сознанија корисни за настанот. Во координација сме со МВР и натамошните мерки се одвиваат кон побрзо пронаоѓање на исчезнатото девојче, изјави за „Охриднет“ м-р Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Инаку, родителите молат за помош доколку некој ја види нивната ќерка да го пријави случајот во полиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа