Започна чистење на кејот на река Вардар

 

Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со спроведување на активности за чистење на коритото на реката Вардар, соопштија од Град Скопје.

– Деновиве започна чистењето на косините на реката Вардар во насока од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас“. Активностите се одвиваат на двете страни од кејот и истите се во вкупна должина од околу 3.500 метри, информираат градските власти и додаваат дека на овој потег екипите со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините и од кејот и досега се исчистени околу 800 метри, во насока од мостот „Обединети Нации“ до Железниот мост во Влае.

11.05.2022 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега