Скопјани внимавајте каде паркирате: Пајаците товарија скоро 150 возила

 
Во текот на изминатата недела (05.05 – 12.05.2022 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 147 возила од јавните површини. Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
 
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.
13.05.2022 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега