Игор Џамбазов: Тепаниот маж се срами повеќе од тепаните жени

 

Ниту еден судски спор, не предизвикал толку многу внимание во јавноста како оној помеѓу Џони Деп и Амбер Херд.

Џони Деп е доказ дека и мажите можат да бидат жртви на семејно насилство. А ги има многу, но поголемиот дел од нив молчат. Срамот да не бидат озборувани е поголем од болката на ударите.

Токму на оваа тема естрадниот магазин „Бекстејџ“ разговараше  со дел од нашите јавни личности. Оној кој прв зборуваше беше Игор Џамбазов.

„Тепаниот маж се срами повеќе од тепаните жени. Срамота е. Да му признаеш на најдобриот другар дека жена ти те тепа? Прво, нема да ти верува“.

18.05.2022 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега