Економската состојба во преработувачката индустрија е поволна
Според оценките на раководителите на фирмите во анкетата која ја спроведе Државниот завод за статистика, економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во октомври во однос на лани е поволна
Обезбеденоста на производството со производството, според нивната оценка, во октомври споредено со септември, е понеповолна. Како поповолни се наведени обемот на производството, очекувањата за обемот на производство и за бројот на вработени во наредните три месеци.
Во октомври годинава, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во октомври годинава се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2013 година изнесува 61,4 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во октомври имаат недоволната странска побарувачка со 25,2 проценти, недоволната домашна побарувачка со 18,3 проценти, финансиските проблеми со 10,7 проценти и конкурентниот увоз со 9,1 процент.л
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа