Мајката на загинатиот навивач низ солзи: Син ми од натпревар го вратија во ковчег!
Мајката на младиот Душан Тодоровиќ кој почина на стадион, си ја отвори душата и за српскиот Курир низ солзи раскажа колкава болка носи во душата за загубеното чедо. Веселинка Тодоровиќ вели дека поминува низ вистински хорор бидејќи пред само една година починал нејзиниот сопруг и татко на нејзините деца, додека пред неколку денови го загуби и својот 18-годишен син.
- Во саботата отиде на утакмица жив и здрав, а сега ми го враќаат во ковчег. Боже што се случува. Срцето ќе ми пукне од болка, но морам да го продолжам животот поради браќата на Дуле, Стефан и Никола!, вели мајката низ солзи.
Инаку, младото момче почина во саботата после пладне во Иваница на местото што најмногу го сакаше – на трибина на стадионот. Младиот навивач на ФК „Раднички 1923“ од Крагуевац во 54 минута на натпреварот скокнал од радост после изедначувачкиот гол на „Раднички“ во мечот со Јавор, а потоа одеднаш паднал. Бил кикс-боксер, правилно се хранел, не пиел алкохол, никогаш не боледувал.
-Ми кажуваат дека бил весел, скокал , се радувал и одеднаш само паднал. Е, мое дете што не снајде , што ќе правиме без тебе, голтајќи ги солазте раскажува мајката Веселинка додека чекала да го превземе телото на Дуле од болница. Сите биле во шок, семејството, роднините, соседите .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа