Индискиот гигант Субрата Рој нема да ги замрзне проектите во Македонија
Тоа што имотот на Субрата Рој во Индија е под мраз, не значи дека ќе ги замрзне проектите во Македонија. Тоа што Врховниот суд на Индија со која на Субрата Рој и на уште двајца директори на компаниите на „Сахара груп“ им се забрани да ја напуштата Индија, нема да има влијание врз инвестициите на овој индиски бизнисмен во Македонија, пишува Утрински весник.
Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, вели дека е во постојано контакт со претставници на компанијата „Сахара“ и дека проектите во Македонија ќе продолжат без никаков проблем.
- Нема застој на проектите на ’Сахара‘ во Македонија. Тоа што се случува во Индија нема да има никакво влијание врз бизнисите во нашата земја. Само Субрата и уште двајца директори не смеат да ја напуштат Индија, и тоа од 11 декември, а дотогаш може оваа одлука да претрпи промени“, велат за весникот од претставништвото на компанијата во земјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа