Скопска населба остана без вода
Прекинато водоснабдување од 8.40 часот ќе имаат корисниците од населба Драчево поради уличен водоводен дефект од ф 100 мм на ул. „Бранко Заревски“ бб во населба Драчево.
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот.
Од 8.50 часот без вода ќе бидат и корисниците на ул. „Македонско-косовска бригада“ крак 38 поради уличен дефект ф-2 на таа улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
25.05.2022 - 09:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа