Запросена Александра Младеновиќ, нејзиниот одговор го разочара момчето (ФОТО)

 

Александра Младеновиќ е една од најангажираните млади пејачки на естрадата. На нејзините настапи секогаш има добра забава, но и некои запросувања. Сепак, она што таа сигурно не го очекуваше е дека таа ќе го добие судбоносното прашање.

Иако е емотивно исполнета, на обожавателите не им е проблем да и дадат комплименти, да и подарат роза, но и да и подарат прстен.

Имено, додека таа пеела, момчето од првиот ред и пришло, прво и подарило роза, а потоа ја замолило да се омажи за него, а нејзиниот одговор сугурно го разочарал.

-Не се мажам. Ви благодарам за понудата, секако, низ смеа рекла Александра.

 

„Не, не, не“ рекоа пријателите на момчето.

Да потсетиме, Александра неодамна призна дека таа и пејачот Исак Шабановиќ се сакаат повеќе од кога било, но дека се уште не размислуваат за заеднички живот.

-Се гледаме, се слушаме секој ден, но деловните обврски не можат да чекаат. Се разбира не сме оладени во емоциите, се сакаме повеќе од кога било. Без љубомора, тој е сигурен во мојата љубов. Ова не е врска на далечина, речиси секој ден сме заедно, но имаме и настапи, истакна таа.

30.05.2022 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега