Прекинато снимањето на филмот на Хали Бери поради ризик од експлозија

 

Снимањето на новиот шпионски трилер со Хали Бери и Марк Волберк било прекинато кога техничкиот тим пронашол сомнителен предмет.

Медиумите пренесуваат дека полицијата веднаш пристигнала на сетот на „Нашиот човек од Џерси“ во Лондон откако тимот предупредил за потенцијално смртоносна муниција што можела да предизвика експлозија.

Скотланд Јард потврди во соопштение: „Полицијата беше повикана и веднаш се упати на локацијата по пријава за предмет опишан како петрон. Утврдено е дека станува збор за оштетен балонски канистер со гас и полицајците го отстранија“.

Анонимен извор ја опиша драмата во изјава за британски „Дејли мејл“: „Беше доста алармантно и не се двоумевме да се јавиме во полиција, која пристигна доста бргу“.

Новиот акционен трилер на Бери, опишан како ‘Џејмс Бонд со сина вратоврска’, се снимаше во судот за прекршоци во Камбервел Грин, југоисточен Лондон, кога беше пронајден канистер за кој се посомневале дека е оружје.

Други локации што се користат за снимање се станицата „Кингс Крос“ и „Алберт бриџ“ во Челси, каде што беа забележани статисти облечени како полицајци и хеликоптер што лебди над структурата.

Our Man From Jersey („Нашиот човек од Џерси“) е сторија за градежен работник (Волберг) кого неговата поранешна девојка Роксана (Бери) го внесува во светот на шпионите во рамките на разузнувачка мисија.

По здружувањето со „Нетфликс“ за нејзиното режисерско деби Bruised, 55-годишната оскаровка Хали Бери стана дел од актерскиот тим на „Нашиот човек од Њу Џерси“ за стриминг-платформата.

 

30.05.2022 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега