Поротата донесе пресуда за судењето на Амбер Херд и Џони Деп

 

Поротата денеска соопшти дека донела пресуда за тужбата на Џони Деп за клевета против неговата поранешна сопруга, Амбер Херд, која сведочеше дека Деп физички и сексуално ја нападнал во неколку наврати.

Поротата ја донесе конечната одлука во корист на Деп. Со тоа актерот ја доби тужбата за клевета вредна 15 милиони долари. Како што одлучи поротата, изјавата на актерката била лажна.

Деп ja тужи Херд за клевета и бара отштета од 50 милиони долари поради текст во „Вашингтон пост“ од 2018 година, во кој таа вели дека е „јавна личност која претставува семејна злоупотреба“. Иако во текстот не го спомнува Деп по име, неговите адвокати тврдат дека индиректно се однесува на наводите што таа ги упати против него во текот на нивниот развод во 2016 година.

Херд поднесе противтужба и бара оштета од 100 милиони долари и рече дека била насилна со Деп само во самоодбрана или одбрана на нејзината помлада сестра. Противтужбата на Херд, која се фокусира на три изјави дадени од поранешниот адвокат на Деп за „Дејли мејл“ во 2020 година, во кои наводите на Херд за семејсно насилство ги нарече голема лага.

 

 
01.06.2022 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега