Без Гечевски, Чековски и Николовски против Макаби Хаифа
Кошаркркарскиот шампион на Македонија МЗТ Скопје утре ќе биде на големи маки со отсуството на Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски и Кирил Николовски за мечот со Макаби Хаифа во рамки на мечот од 7-то коло во Еврокупот.
Во првиот меч овие две екипи одиграа со 86:83 во корист на израелскиот тим.
Тогаш во домашниот состав не настапија без повредените Дамјан Стојановски и Кејд Дејвис.
- Одиме на гостувањето во Хаифа без Чековски и Гечевски кои останаа во Скопје да ги залечат старите повреди и подготвени да го дочекаат продолжението од сезоната. Исто така во тимот нема да биде ниту Кирил Николовски за кој е сеуште рано да влезе во игра по долготрајната пауза, па поради тоа поголема шанса за настап на мечот ќе добијат младите Љубомир Младеновски и Михајло Арсоски, изјави тренерот Влада Вукоичиќ за веб-страната на клубот од Аеродром.
За Вукоичиќ противничкиот тим е апсолутен фаворит во овој меч, и како што вели се работи за одлично изграден атлетски тим, со доста слобода во нападот и превземања како комбинирана одбрана.
Мечот се угра утревечер со почеток во 19 часот.
МЗТ во досегашните 6.кола има една победа и пет порази и е последен во Г-групата, додека израелскиот претставник со ефект од 4-2 (победи-порази) се наоѓа на второто место зад лидерот Уникс Казан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа