(ФОТО) Почна свадбата која ќе трае три денови: Се жени поранешниот на Емина, на која и должи огромна сума за алиментација

 

Мустафа Сандал (52) прави свадба од пола милион евра иако на поранешната сопруга Емина Јаховиќ (40) и должи за алиментација за дури 39 месеци и плати за работниците на имотот во Истанбул.

Турскиот пејач во петок ќе се ожени со вереницата Мелис Сутшуруп (31) во Рим, а потоа ќе направат тридневна гала прослава во Мармарис.

Сандал е подготвен за венчавката и свадбата да потроши огромна сума на пари, иако на мајката на своите деца должи дури 101.880 евра.

„Мустафа и Мелиса ќе се венчаат на 3-ти јуни во Рим и тоа во амбасадата на Турција. Се одлучиле за тој град, бидејќи им бил омилен, но и да ги избегнат турските медиуми кои ги следат во секој чекор. Сандал решил после интимната церемонија да направи луксузна прослава во хотел во Мармарис и тоа на 10, 11 и 12-ти јули. На свадбата ќе има повеќе од 300 гости. Првиот ден ќе има „грчка вечер“ во ресторанот на хотелот, а наредниот ден ќе се повтори церемонијата во градината на хотелот и сите заедно ќе се симнат на плажата на забава. Третиот ден ќе има ручек за сите гости… Мустафа за ова задоволство ќе мора да плати дури пола милион евра, но очигледно не го жали кога е во прашање новата девојка – изјавил добро известен извор.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24)

02.06.2022 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега