Водителката Елена со другарките на журка во Скопје: Се појави во храбро модно издание (ФОТО)
Водителката и продуцент Елена Стефановска знае како да остави уникатен впечаток каде и да се појави. Овој пат, ги импресионираше присутните во угостителски објект во Скопје, каде одлучи да се забавува со своите другарки на „жива свирка“.
Стефановска одлучи да се појави со храбар стајлинг. Позираше пред огледало, а фотографиите ги сподели и на социјалната мрежа „Инстаграм“, на која има илјадници следбеници.
На фотографиите кои ги објави може да се забележи дека водителката Елена навистина се грижи за својот изглед. Долгите и одлично оформени нозе го привлекоа вниманието на многумина, а пак модните експерти и упатија позитивни критики за храбриот избор на бои, кои ги „мамат“ погледите на сите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа