ВИДЕО: Водата се враќа во пресушеното езеро во Босна

 

Поради дождот кој паднал изминатите денови и снегот кој од ноќта завчера не престанува да паѓа, почнало да расте нивото на водата во кратерот кој останал после исчезнувањето на езерото во Саница.

Висината на водата пораснал за  од прилика два метри, додека по површината сеуште пловат парчиња од стебла и мртви риби.

Една малечка викеница се’ уште се држи, но едвај, бидејќи и под неа земјата секојдневно се руши. Поради снегот, околу дупката вчера немало многу луѓе. Мештаните не сакале да даваат изјави, рекле само дека од се им е преку глава, и дека се разочарани што надлежните забораваат дека секој ден тие стравуваат да не им се сруши земјата под нозете.

27.11.2013 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега