Утре целосен прекин на железничкиот сообраќај
Поради веќе најавениот штрајк на машиновозачите, за утре е најавен целосен прекин во сообраќајот, иако денеска железничкиот сообраќај се одвива нормално.
Латко Јовановски, претседател на НСММ, тврди дека нивните членови од изутрината одбиваат да возат, но оти раководството нашло замена вршејќи притисок кај дел од машиновозачите кои прифатиле да управуваат со возовите.
- Веќе од утре нема да најдат замена и ќе нема услови за нормално одвивање на сообраќајот, рече на прес-конференција Јовановски.
Инаку, машиновозачите се револтирани од намалувањето на бенифицираниот стаж за четири месеци, а тоа било договорено интерно без знаење на синдикатот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа