Пешевски задоволен од заинтересираноста на Франција за инвестирање во земјава

 

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој ги претстави можностите за инвестирање во Македонија во Франција, е задоволен од презентираното и постигнатото. 

- Во Франција каде што има големо зголемување на даноците  стана интересно и атрактивно и на ниво на комори и на ниво на компании, веќе најавија дека во наредниот период ќе организираат посети. Договоривме и со некои специјализирани комори за дадени индустрии да направиме посебни презентации во наредните месеци така што генерално гледано јас сум задоволен особено имајќи предвид дека досега не бил посетуван тој регион, рече вицепремиерот Pешевски, додавајќи дека  ова е слично искуство како претпоследното роуд шоу во Америка,каде што посетувале градови кои досега не биле посетувани, кои досега не биле главна инвестициска дестинација.

Вицепремиерот потенцира дека треба напорно да се работи во идниот период. - Мислам дека со условите што ги има создадено Македонија со поволната бизнис клима, даночните услови, подготвеноста на Владата да се ангажира во разрешувањето на проблемите на кој било инвеститор, Македонија навистина е интересна дестинација и за инвестирање и туризам, истакна Пешевски денеска во Куманово на акцијата „Ден на дрвото“, додавајќи дека треба да се продолжи со оваа темпо и да се засили.

27.11.2013 - 14:16
Фото: 
вмро-дпмне.орг

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега