Шешељ од Хаг бара 12 милиони евра отштета
Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, од Хашкиот трибунал бара 12 милиони евра отштета, бидејќи „11 години е држен во затвор без пресуда, со што му се прекршени основните права“.
- Сосема е јасно дека процесот не може да продолжи (по исклучување на судијата Фредерик Хархоф) и единствен можен излез од таквата ситуација е делото под итно да биде прекинато и професор Шешељ да биде ослободен. Новоименуваниот судија Медиај Нианг не треба да прифати да учествуваа во таква фарса, во која неговото присуство ќе биде само во пишувањето и изрекувањето на пресудата, се наведува во 513-та молбата на Шешељ.
За потсетување, на Шешељ му се суди за воени злосторства извршени во Хрватска, во Босна и Херцеговина и во Војводина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа