„Макпетрол“ со загуба од над 142 милиони денари

 

Компанијата "Макпетрол" прикажа загуба од 142.944.000 денари за период од 1. јануари до 30. септември, стои во консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Оперативните приходи кои ги остварил „Макпетрол“ од почетокот на годината до 30. септември, се на ниво од над 16 милијарди денари. 16.014.524.000 денари од овој износ отпаѓаат на приходи од продажба, од кои на домашен пазар се реализирани 15.579.242.000 денари, а на странски пазари 435.282.000 денари. 

Оперативните расходи на „Макпетрол“, се на ниво од 16.192.312.000 денари, се наведува во консолидираниот биланс.

28.11.2013 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега