Снег падна и во Црна Гора
И Црногорците му се израдуваа на првиот снег! Во Црна Гора температурите се веќе под нулата, а на некои места како Жабљак во седум часот беа измерени минус 10 степени Целзиусови. Единствено во Подгорица и црногроското приморје температурите се во мал плус.
Снегот и голомразицата предизвикаа проблеми и потешкотии во сообраќајот, поради што АМС Црна Гора ги советуваше возачите да ги избегнуваат патувањата.
28.11.2013 - 14:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа