Ѕирнете низ свадбената атмосфера на Мими Јовановска и Филип Нуне: Македонската пејачка од „Ѕвездите на гранд“ блесна во бело (ФОТО)
Mладата македонска пејачка Мими Јовановска од Велес публиката ја запозна по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде остави фантастичен впечаток со своите извонредни вокални изведби.
Откако пред речиси една година таа се сврши, кога нејзиното момче, познатиот музичар Филип Нуне на раката и го стави вереничкиот прстен, викендов Мими и Филип го кажаа судбоносното ДА и ја направија својата свадбена веселба.
Иако Јовановска потекнува од Велес, по невеста се одело во Скопје, од заедничкиот стан во кој Мими и Филип веќе живеат, од каде тргна и целата церемонија, со гласна музика и многу свирачи.
Заклетва пред Бога на вечна љубов младите дале во црквата „Св. Димитрија“ лоцирана преку Камениот мост, на влезот во Старата скопска чаршија.
Свадбената веселба се одржа во еден од напознатите и најатрактивни скопски локали во центарот на градот.
Во продолжение погледнете дел од свадбената атмосфера, фотографии овековечевени од присутните, а споделени на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Официјалните фотографии од веселбата се уште не се објавени во јавноста, но откако младиот брачен пар ќе ги прикачи на социјалните мрежи, дополнително ќе ги споделиме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа