Шерон Стоун во топлес издание го изненади светот: Гордо ги покажа голите гради (ФОТО)
Топлес фотографијата на Шерон Стоун покрај нејзиниот базен го запали Инстаграм, а фановите се тркаат да и дадат најдобар комплимент.
Холивудската актерка додала краток коментар: „Несовршена и благодарна за совршениот ден“, а на сликата плени не само со својот секси имиџ, туку и со смеа која изгледа право од срце.
Завиткана во пешкир со риги, Шерон го украси своето деколте со долги тенки ланчиња. Во преден план се нозете, кои не ги кријат дамките на кожата и благ недостаток на тонус на бутовите. „Другите плаќаат за операција за да изгледаат како тебе“, ѝ напиша еден фан.
Многумина не ни веруваат дека Шерон веќе имала операција на градите. За волја на вистината, нејзиниот план не бил тоа да го направи како естетска корекција, туку причината била од медицинска природа.
Меѓутоа, кога и ги отстраниле туморите на кои била подложена на интервенција, хирургот – тврди актерката – решил да и ги зголеми градите за време на реконструкцијата.
Бев шокирана кога ги видов, напиша таа во книгата „Убавината на друг живот“.
Не беше првпат Шерон да биде измамена во некои од клучните моменти за нејзината кариера. Таа била жртва на измама и кога ги снимила познатите кадри во филмот „Ниски страсти“ во кои ги прекрстува нозете за време на полициско испрашување. „Ми рекоа да ги соблечам гаќите бидејќи трепкаат на камерата“, опишала Шерон.
Денеска отворено зборува за своите искуства.
– Сакам и моите синови да научат лекција. Им кажувам за сè низ што сум поминала и што ме повредило. Тие треба да разберат од што страдаат жените и да бидат вистински витези, објаснува Шерон.
Во интервјуто кое го дала за магазинот Shape во 2014 година, Стоун признала дека откако наполнила 40 години, почувствувала проблем што нејзиното тело се менува. „Не беше лесно. Имаше момент кога отидов во бањата со шише вино, ја затворив вратата и си реков: „Не одам додека не можам целосно да прифатам како изгледам сега. Погледнав во моето лице во огледало, го погледнав моето тело и плачев“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа