Му се слошило на проба во театар: Почина познатиот српски и екс-Ју актер
Почина актерот Бранко Цвејиќ на 75 години во Белград. Тој беше долгогодишен член и поранешен директор на Југословенскиот драмски театар, пренесува Курир.
Цвејиќ бил итно хоспитализиран откако му се слошило на проба во театарот, а иако бил стабилен, бил во многу тешка состојба и, за жал, починал.
Роден е во Белград на 25 август 1946 година, а дипломирал во Петтата белградска гимназија во 1965 година и истата година се запишал на актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Белград. Заедно со целата нова генерација актери, на покана на Бојан Ступица, во мај 1967 година станува член на Југословенскиот драмски театар. Во матичната куќа одиграл преку педесет улоги.
Најмногу соработувал со режисерот Дејан Мијач, како актер, а подоцна и како продуцент на бројни претстави. Како гостин настапувал и на други театарски сцени, меѓу другите во театарот Звездара, театар во кој и самиот учествувал во основањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа