Сеќавање на роденденот на поранешна Југославија
Денеска се одбележуваат 70 години од Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, Босна и Херцеговина, на кој што во Втората светска војна, се удрени темелите на новата социјалистичка Југославија.
29 ноември бил прославуван скоро шест децении како државен празник на СФРЈ, а официјално е укинат по повеќе од десет години од распаѓањето на заедницата, ноември 2002 година.
Тој датум влегол во историјата откако на заседанието на АВНОЈ е донесена одлука за федерално уредување на Југославија, а на кралската влада и било забрането да се врати во земјата.
АВНОЈ тогаш е прогласен за врховно законодавно и извршно државно тело, кое што донело историска одлука за уредувањето на Југославија.
По завршување на војната, од 1945-та година, 29-ти ноември се славел како ден на Републиката и бил еден од најголемите празници во некогашна Југославија.
Овој ден претставниците на Движењето за европска културна соработка ќе го одбележат со положување на венци на гробот на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито во Куќата на цвеќето. Ова движење оваа година ќе има регионален карактер, бидејќи акцијата ја поддржуваат и претставници на движењето кое делува во Македонија и Босна и Херцеговина.
29.11.2013 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа