Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење
Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува последниот неделен лабораториски извештај од Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“.
Како што соопшти претпријатието, за анализа се земени примероци од 43 мерни места во градот.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 01.08.2022 до 05.08.2022 зема 161 примерок за физичко-хемиска и 161 примерок за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. Концентрацијата на резидуалниот хлор во мрежата се движеше од 0,30 – 0,40 милиграма на литар, информира ЈП „Водовод и канализација“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа