Хаос во Хрватска - три лица загинаа 16 се повредени во верижен судир
Тешка сообраќајна несреќа се случи во Хрватска. Утрово околу 7 часот, на автопатот меѓу тунелите Свети рок и Крпани во Хрватска дошло до верижен судир во која за жал три лица загинале, а 16 се потешко повредени.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, автобус во кој немало патници ја пробил заштитната безбедносната ограда и ја попречил во спротивната лента на автопатот. Дошло до верижен судир во двете насоки, во кој учествувале дваесетина возила.
Како што пренесува Јутарљи Лист, сообраќајот на автопатот А1 е затворен во двата правци.
Неофицијално се дознава и дека меѓу загинатите е и еден полицаец. Тој, наводно, меѓу првите бил на местото на несреќата и се обидел да го регулира сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа