Модна агенција ја убедувала Евангелиста да позира гола на 16 години

 

 

Поранешниот супермодел Линда Евангелиста откри дека предаторска агенција за манекенки се обидела да ја принуди да се соблече за да се фотографира гола кога била тинејџерка.

Во текот на 90-тите, Линда, која сега има 57 години, позираше за бројни познати списанија како „Вог“, „Космполитан“, „Гламур“, „Ел“, „Мари Клер“ и беше најприсутна на модни ревии на големите брендови како „Шанел“, „Валентино“, „Долче и Габана“, „Ралф Лорен“ и „Џорџо Армани“ во текот на нејзината повеќедецениска кариера.

Сепак, таа неодамна призна дека една агенција во Јапонија се обидела да ја натера да се соблече и да позира гола против нејзина желба на 16-годишна возраст. Ваквото барање го објасниле дека треба да ѝ земат мерки.

„Отидов во агенцијата, таму ми рекоа: соблечи се, ни требаат твоите димензии. Но тие веќе ги имаа моите димензии. Потоа ми рекоа: ќе работиш актови. Тоа беше сè, веднаш истрчав надвор и ѝ се јавив на мајка ми која ми кажа веднаш да одам во амбасадата.Така направив и ме вратија дома“, откри Линда.

Таа проговори за инцидентот во разговор со британски „Вог“ за претстојното септемвриско издание.

Поранешниот супермодел се појави на фотосесија откако минатата година откри дека брутално се изобличи по неуспешна козметичка процедура.57-годишната Линда ја краси насловната страница на септемвриското издание на британскиот „Вог“.

Сепак, таа во интервјуто за модниот магазин откри дека нејзината вилица и врат на фотографите не изгледаат така во реалниот живот. Несаканите последици од зафатот се вешто прикриени благодарение на мајсториите на шминкерката Пет Мекграт.

Евангелиста ги освојуваше модните писти со колешките Синди Крафорд, Наоми Кембел и Клаудија Шифер во 90-тите.

Некогаш еден од најпознатите супермодели во светот, ја има на преку 60 корици на свтски познати списанија во рамки на нејзината исклучително успешна и долга кариера.

Епитетот супер модел неа вистински ѝ прилега. Важеше за една од најубавите жени во светот. Препознатливото лице со ултракратки шишки ги красеше светски познатите списанија. Таа е еден од ретките модели кои можат да се пофалат со 30-годишна кариера во модната индустрија.

22.08.2022 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега