Се одржува вториот круг од локалните избори во Косово
Денеска во Косово се одржува втор круг од локалните избори, на кои треба да бидат избрани градоначалници на 24 општини.
На првиот круг на 3 ноември 13 општини избраа градоначалници, три од кои во Северниот дел на Косово.
За безбедноста на денот на изборите се грижат косовската полициска служба, мисијата на ЕУ ЕУЛЕКС и силите на НАТО КФОР.
На целата територија на Косово 71 набљудувач од 26 држави членки на Унијата, Швајцарија и Норвешка.
Специјални безбедносни мерки ќе бидат преземени во северниот дел на Косовсква Митровица и во Звечан, каде во првиот круг на изборите имаше инциденти.
01.12.2013 - 10:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа