Меган Маркл откри дека спалната соба на синот Арчи се запалила

 

 

Војвотката од Сасекс откри дека пожар ја зафатил спалната соба на нејзиниот син Арчи додека биле на кралска официјална посета на Јужна Африка.

Меган се присети на ужасната случка во разговор со тенисерката Серена Вилијамс во премиерната епизода на нејзиниот поткаст „Арчитајпс“ и објасни дека морала да продолжи со своите ангажмани и покрај шокот.

Пожарот се случил во 2019 година кога Меган и нејзиниот сопруг принцот Хари го посетиле градот Нианга во Јужна Африка на официјални разговори, додека Арчи, кој тогаш имал само четири месеци, бил згрижен од персоналот.

Таа се присети: „Завршивме со работните обврски, влегуваме во автомобил и ни кажаа: имаше пожар во резиденцијата.“

Вџашена, Серена праша: што? Меган продолжи: ми рекоа дека имало пожар во собата на бебето. Не ми се верува дека дури и зборувам за ова.

„Слетавме еден час- два претходно. Веднаш потрчавме кон резиденцијата. Нашата неверојатна дадилка Лорен, која ја имавме целиот пат од Канада до овде, силно плачеше…тоа беше поплава од солзи.“

Меган објасни дека нивната дадилка се подготвувала да го стави Арчи во кревет да дремне, но во последен момент решила да го земе со себе додека ужина.

„Само што се спуштила долу во приземјето со Арчи во рацете, греалката во детската соба се запалила. Немаше детектор за чад, некој случајно почувствувал чад низ ходникот, влегле внатре, пожарот бил изгаснат“, рече Меган.

„Арчи ќе спиеше таму доколку дадилката не го земеше со неа“, додаде таа на крајот.

Оваа случка беше откриена во првата епизода од поткастот „Арчитајпс Спотифај“, кој започна во вторникот со искрен разговор помеѓу војвотката и тениската ѕвезда.

24.08.2022 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега