Во Албанија има 625 ХИВ позитивни лица
Инситутот за јавно здравје на Албанија, во девете месеци од годинава регистрирал нови 70 случаи на заразени од ХИВ/СИДА, што е за пет случаи повеќе споредено со истиот период лани.
„На крајот од минатата година официјалната бројка на заразени беше 555. Кога би ги додале и овие нови 70 тогаш бројката е 625, но според нашите согледувања реалната бројка е многу поголема и изнесува над илјада инфектирани“, тврдат од Институтот, додавајќи дека меѓу нив има и триесеттина деца, кои болеста ја добиле од своите мајки.
Од Инситутот нагласуваат дека многу мал е бројот на оние кои доброволно се јавуваат заради анализи и апелираат за поголема масовност за што постојат услови во сите 12 регионални медицински центри во земјата.
Поголемиот број од инфицираните се лица од поголемите градови, пред се од Тирана и од Драч.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа