Херојот Марко исплива 64 км за речиси 22 часа (ВИДЕО)
Македонскиот пливач Марко Пејчиновски го заврши последниот маратон за 21 час и 42 минути во Охридското езеро.
Пејчиновски го заврши 10-то препливување на езерото на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 км.
Младиот пливач конечно ја исполни желбата да го преплива езерото 10 пати, а негова цел е да ги мотивира луѓето и да им покаже дека ништо не е невозможно.
28.08.2022 - 12:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа