Дел од Гази Баба утре ќе остане без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 06.09.2022 година (вторник) поради уличен дефект од ф – 2 цола на ул. „Перо Наков“ бр.105, во периодот од 08:30 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. „Перо Наков“.
Исто така без вода ќе останат и објектите на Бонум, Бриколаж и неколку помали приватни стамбени објекти лоцирани во нивна близина.
Овие улици и објекти се во општина Гази Баба.
05.09.2022 - 15:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа