Последниот натпревар на Серена Вилијамс најгледан во историјата

 

Поразот на Серена Вилијамс во, најверојатно, последниот натпревар во нејзината блескава кариера, е најгледан тениски телевизиски пренос во 43-годишната историја на ЕСПН, објави денеска американската телевизиска мрежа.

Поразот на Серена Вилијамс во третото коло на УС Опен од австралиската тенисерка Ајла Томљановиќ во просек го следеле 4,8 милиони гледачи, а максималната бројка достигнала 6,9 милиони гледачи во 22:15 часот.

Серена Вилијамс, која во кариерата освои 23 грен-слем титули, по подолга пауза се врати на тенискиот терен за настап на УС Опен што предизвика голем интерес во спортската јавност.

Нејзините три натпревари во поединечна конкуренција и еден дуел во двојки во кој настапи со својата сестра Венус ја зголемила гледаноста во текот на првите пет денови на грен-слемот во Њујорк во просек за 1,1 милиони гледачи, што е раст од 101 отсто во однос на 2021 година, објави ЕСПН.

07.09.2022 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега