Најстариот пар на светот се разведува: По 77 години брак, 99-годишник бара развод од својата сопруга
Оваа година дефинитивно досега ја одбележаа разводи. Се започна со Џони Деп и Амбер Херд, а заврши со тоа што Пике ја изневери Шакира. Ди Каприо и неговиот комплекс „не под 25 години“ излегоа на врвот во однос на бизарноста во љубовните и брачните врски, а сега ете и речиси 100-годишните баба и дедо од Италија одлучиле да стават крај по 77 години брак, затоа што дедото нашол докази за наводна афера на бабата од пред 60 години..
„Ги најдов писмата во комодата“
Мажот, идентификуван во судските документи како Антонио Ц., пронашол љубовни писма разменети меѓу неговата сопруга и нејзиниот поранешен љубовник во стара комода неколку дена пред Божиќ, а приказната дури сега станува јавна, пренесува „abcnews“.
Тој се соочил со својата сопруга Роза Ц., која наводно ја признала аферата и се обидела да го убеди да не се откажува од нивниот брак. Сепак, и покрај тоа што поминале осум децении заедно, дедо Антонио продолжил со постапката за развод.
Во нивниот долг брак тие имале пет деца, дванаесет внуци и едно правнуче.
По потекло од Сардинија, Антонио Ц. наводно се запознал со Роза Ц. во 1930-тите додека служела како дел од италијанските карабинери - вооружените сили - во нејзиниот роден Неапол.
Италијанскиот печат ја посочи јужната крв на парот како „активатор“ за раскинувањето.
Кога разводот на Антонио и Роза Си ќе биде конечен, тие ќе станат најстариот разведен пар, преземајќи ја почесната титула од Британците, Берти и Џеси Вуд (98), кои се разведоа во 2009 година по 36 години брак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа