Славески: Бев против тоа да застанеме зад Арсовска

 

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека бил против ВМРО-ДПМНЕ да застане зад Данела Арсовска како кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Тој во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител рече дека во Советот досега биле прилично ефикасни.

-Досега сите точки на дневен ред се дискутирани и најголем дел се позитивни изгласани. Ова е сосема друга галаксија во однос на Собранието. Не ми е позната работата на администрацијата во градот, така што треба да оставиме време овие состојби да се стишат за да кажеме конечен суд. Уште кога ВМРО-ДПМНЕ размислуваше за кандидат за градоначалник, бев против тоа да застанеме зад Арсовска, рече Славески.

Тој рече дека досега со градоначалничката се имаат сретнато само трипати за да разговараат за актуелни теми за Градот.

Славески исто така рече дека не може да си прости што не раеагирал кога Арсовска го разрешила директорот на „Комунална хигиена“,
Зуди Енуз, кој беше од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците затоа што негов роднина бил вмешан во инцидент.

Претседателот на Советот на град Скопје исто така рече дека Арсовска не му личи на искусен менаџер и дека ја гледа како дете со чекан во рака кое само „удира со чеканот по шајки“.

13.09.2022 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега