Кејт Винслет доживеа несреќа на снимање во Дубровник и заврши во болница
Прославената филмска актерка и оскаровка се повреди за време на снимање на филм.
Кејт Винслет моментално престојува во Дубровник, каде што се снима филм за животот на Ли Милер, воен фотограф за магазинот „Вог“ за време на Втората светска војна.
Според информациите, актерката ја повредила ногата на снимањето во Купари, а поради повредата завршила во болницата во Дубровник.
Кејт е снимена како пристигнува во болница во придружба на неколку луѓе, а се уште не е познато за каква повреда станува збор.
Познатата актерка најпрвин пристигнала на влезот на Ургентниот унифициран болнички прием, а потоа подоцна се упатила кон задниот влез на дубровничката болница, како што пишува „Дубровачки дневник“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа