„Како да ја напуштам Русија“ - најпребарувана реченица на интернет во Русија, по денешниот говор на Путин

 

Во пресрет на најавеното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин, во Русија луѓето беа на нозе.

Недолго по појавувањето на веста за обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин, настана паника.

Имено, според податоците достапни на Google Trends, Русите „гуглале“  – како да ја напуштите Русија. Таа фраза беше најмногу пребарувана на „Гугл“ околу 18 часот по локално време, а претходно во вторникот руските пратеници едногласно усвоија закон со кој се воведуваат концептите „мобилизација“ и „вонредна состојба“.

Во говорот Владимир Путин прогласи делумна воена мобилизација и рече дека доколку Западот продолжи со, како што рече, нуклеарната уцена, Москва ќе одговори со сета сила на својот арсенал.

„Доколку е загрозен територијалниот интегритет на нашата земја, ќе ги искористиме сите расположливи средства за да го заштитиме нашиот народ – тоа не е блеф“, рече Путин во телевизиското обраќање до нацијата.

21.09.2022 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега