Славниот актер со шокантна исповед: Додека бил тинејџер, два пати бил принуден на сексуален однос

 

Метју Меконахи шокираше со својата исповед дека бил „уценет да има секс како 15-годишник и бил дрогиран и малтретиран од маж кога имал 18 години“, за што претходно пишувал во неговата книга „Зелени светла“.

Холивудскиот актер во едно неодамнешно интервју откри неколку изненадувачки детали од своето минато.

Шармерот по кој многу жени копнеат,  напиша во своите мемоари „Зелени светла“ за дрогата и сексуалната злоупотреба, кои ги доживеал како тинејџер.

Метју раскажа како неговите родители го научиле да има почит во такви ситуации и што значи согласност.

-Татко ми мѝ рече „Ако некогаш почувствуваш дека некоја девојка се предомислува, престани. Можеби и самиот ќе почувствуваш дека девојката се двоуми и тогаш треба да престанеш, дури и ако партнерот ти вели да продолжиш,  сепак е подобро да застанеш и да го чекаш следниот пат“.

Иако доживеал траума, никогаш не отишол на терапија, но вели дека многу блиски луѓе му помогнале да продолжи по тие грди настани. Меѓу нив е и неговата сопруга Камила Алвеш.

26.09.2022 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега