Џамбазов со искрено сведоштво: Ми пристигнаа резултатите, боледувам од Илинопатија
Маестро Игор Џамбазов, на социјалните мрежи си ја отвори душата и ја призна болката. Пристигнаа резултатите, вели Џампазов, боледувам од Илинопатија.
„Ги известувам сите пријатели и следбеници дека конечно ги добив резултатите од лабораториските испитувања. Веќе два месеца боледувам од Илинопатија, во превод: Патење по Илина. Лекот за оваа болест се уште не е измислен. Чаре?“, пишува Џамбазов на социјалните мрежи.
Веќе два месеци ја нема видено својата љубена Илина, па јавно кажа колку му недостасува.
28.09.2022 - 10:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа