Хрватска е против хомосексуалните бракови

 

Жителите на Хрватска вчера одржаа референдум на кој се изјаснија која треба да биде дефиницијата на бракот. Комерсант пишува дека најголемиот дел од граѓаните се изјасниле дека бракот треба да биде склучен само помеѓу маж и жена и не ги поддржаа истополовите бракови.

Во согласност со референдумот во Уставот на земјата ќе биде поднесена јасна дефиниција за бракот како заедница меѓу маж и жена.

Голем број критичари резултатот од референдумот го дефинираа како дискриминација на сексуалните малцинства. 

02.12.2013 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега