Крадците не запираат - украдени 400.000 денари од стан во Аеродром
Викендов крадците повторно биле активни. Овојпат е ограбен стан во скопската населба Аеродром, во сопственост на 57-годишниот Е.Ј.
Според податоците од полицијата, непознат сторител влегол во станот, извршил пребарување и одзел 25.000 шведски круни, 3.000 евра и 7.000 денари, со што направил штета од 400.000 денари.
Полицијата трага по сторителот.
02.12.2013 - 11:08
Фото:
Евести
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа