ФОТО: Дупката во Саница и понатаму се шири - што се случува со езерото?
Екипата од агенцијата Анадолија го посети локалитетот во Горна Саница, каде се направи дупка под езерото која сеуште „голта“ се пред себе. Сега е широка од 50, а длабока од 30 мерти.
Веќе половина месец ова „чудо“ ги загрижи мештаните на Кључ, кои веќе почнаа и да ги напуштаат своите домови кои се наогаа околу езерото. Дупката која секој ден се повеќе расте нанесе штета и на водоводната цевка, која се наоѓа на местот на одронот. Стебло од слива „падна “ во дупката и за енкое време исчезнала.
Стручните лица сметаат дека станува збор за тектонски пореметувања поради кои земјата се померува и се појавуваат кратери на површината од земјата, или пак се работи за некои подземни води.
Мешатните сепак веруваат во нешто друго. На езерото имав викендица Хасан Џемаил, стар човек кој уживал пиејќи кафе на својата тераса. Во езерото имало риба и мал сплав. По 40 дена од неговата смрт се отворила дупка која ги проголтала неговите риби, и сплавот. Мештаните на овој крај веруваат дека оваа појава е поврзана со смртта на Џемаил и сите поврзуваат дека ова се случува бидејќи тој „сака езерото да го однесе со себе“.
Пред оваа појва езерото било бистро, а рибите кои се наогале во него јасно можеле да се видат а денеска е матна и рибите се мртви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа