Македонските вина претставени во Чешка - "Вранец" предизвик за Чесите

 

Прага вчера имаше можност да го вкуси квалитетното македонско вино. Синоќа македонските вина беа престатвени пред чешките дистрибутери и увозници на вино, претставници на супермаркети, хотели, ресторани и политичари, јави дописникот на МИА од чешката метропола.  

Македонските вина на винариите „Тиквеш”, „Стоби“, „Сковин”, „Далвина", „Бовин”, „Камник“, „Попов”, „Езимит“, „Дудин“, „Ригоимпекс“ на вистинските љубители успешно им го претставија македонското поднебје со голем број сончеви денови, кое придонесува за квалитетот на родот.

- Кога првпат се сретнав со вкусот на сортата Вранец пред 20 години,  ми остави извонреден впечаток. Оваа сорта е одлика на балканските простори и таа автохтона сорта на грозје Вранец ја има во сончевата Македонија.

Весели додаде дека очекува македонските црвени вина за сметка на белите сорти да освојат поголем простор на чешкиот пазар, посебно затоа што Македонија има ендемски видови на лози кои не се познати на чешкиот простор.

- Очекувам македонските вина да имаат заслужен простор на Меѓународниот саем на вина и деликатеси во април идната година и се поголем број Чеси да имаат можност да го вкусат единствениот вкус на македонското вино, заклучи Весели.

Претставникот на винаријата „Тиквеш“ Васил Мајнов изрази задоволство од добриот прием на вината на чешкиот пазар. 

- На пазарот во Чешка сме претставени со ексклузивни вина кои се претставуваат во специјализираните продавници за вино, а сега ја реализираме новата идеја на нашиот дистрибутер, нашите вина да се продаваат и во цвеќарите каде виното ќе може да се купи како пригоден подарок, вели Мајнов. „Тиквеш" во Чешка е застапена и со познатата жолта ракија. 

Јован Василески, дистрибутер на вината на „Бовин“ исто така има позитивни искуства на чешкиот пазар, посебно нагласувајќи дека најголема побарувачка има на вината произведени од сортата Вранец. 

Инаку, вината беа презентирани на штандови каде присуствуваат многу луѓе и се одржуваа индивидуални деловни средби меѓу македонските и чешките претставници.  

03.12.2013 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега