Родителите на Тијана одлучија: "Нема да ги допреме парите - ќе одат во хуманитарни цели"
Родителите на малата Тијана која го зави Балканот во црно, денеска во Судот изјавија дека дел од парите кои останаа по операцијата на нивното дете и плаќањето на болничките трошоци, ќе ги донираат во хуманитарни цели.
- Од парите кои останаа од операцијата и лечењето, ништо нема да задржиме за себе. Парите ќе ги дадеме во хуманитарни цели, изјави таткото на Тијана, Небојша Огњатовиќ.
Денеска во судницата Небојша изјави дека ниту тој ниту неговата сопруга немале намера да ги допрат парите, туку од почетокот знаеле дека сакаат да ги дадат на други луѓе на кои им е потребна помош.
Според неофицијални информации, најверојатно на сметките има 2,5 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа