Задавил старица па со парите си направил свадба!

 

Полицијата во Белград го уапси 25- годишниот Радован М  кој е осмничен за убисто на 78- годишната Драгица.Р. Радован откако брутално ја убил во нејзиниот стан во Земун ја ограбил и со тие пари си направил свадба.

Телото на брутално убиената Драгица било порнјадено пред десет дена во нејзиниот дом.

Врз телото направена е обдукција која  покажала дека таа била прво претепана, а потоа задавена. Во  истрагата  брзо било откриено дека убиецот  е Радован, кој со жената се запознал додека ги шетале нивните кучиња во локалниот парк.

- Веројатно претпоставил дека жената има заштеда и отишол да и побара заем за да плати за свадбата, изјавил извор  од истрагата за весникот „Вечерње новости“

Но 78- годишната Драгица најверојатно не сакал да му даде пари па тој решил да ја убие. 

 

 

 

 

04.12.2013 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега