Пратениците ќе расправаат за сонцето од Вергина
Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 77. седница, на која пратениците треба да гласаат за предлог-законите за измени на Законот за даночна постапка и на Законот за финансиска дисциплина во прво читање.
Пред пратениците ќе се најдат и предлог-законите за измени на Законот за девизно работење, на Законот за безбедност на храна, на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, на Законот за ловството и на Законот за животната средина, сите во прво читање.
Пратениците ќе расправаат и за предлог-законите за основање на Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ - Битола, како и за изменувањата и дополнувањата на законите за здравствено осигурување, за работните односи, за внатрешни работи, за угостителска дејност, за трговските друштва, за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, за спортот.
На дневен ред се на денешната седница се и предлог законите за амнестија и за забрана на користењето на симболот истакнуван на знамето на Република Македонија пред влегувањето во сила на привремената спогодба потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција во 1995 година и знамето што го содржи овој симбол, во прво читање, кои ги поднесе пратеникот Ивон Величковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа